Во јавноста беше познато дека двајцата најдобри фудбалери во македонската историја, Дарко Панчев и Горан Пандев, но дали мораа да почнат отворена расправија непосредно по фантастичните настапи на фалангата на квалификациите за Светското првенство?
Не може да го спориме влијанието и придонесот на Пандев во репрезентацијата, со него заминаа на Европско првенство. Тој го даде голот кој не однесе на ЕП, но да не се заборави дека со него во составот, Македонија загуби од Андора“, изјави Панчев за Фокус, каде одбра да потсети на еден од најтешките мигови за репрезентацијата.
Пандев не и остана должен на Кобрата. „Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП. Дечките изгинаа 180 минути и секоја чест за нив. Заслужија да одат на СП, но тоа ќе биде во следните години. Јас пред три години кажав дека оваа репрезентација е најдобрата во историјата на македонскиот фудбал“, додаде струмичанецот“, кратко одговори Пандев.