Од Антропол потсетуваат дека од Заводот за статистика лани најавуваа дека пописот нема да се смета за валиден ако има голем бојкот на процесот.
Уште на 17 јуни 2019-та година Заводот за статистика посочи дека ако најмалку 100.000 граѓани го бојкотираат пописот, резултатите не може да се земат како релевантни. „Заводот за статистика посочува дека ако најмалку 100.000 граѓани го бојкотираат пописот следната година, резултатите не може да се земат како релевантни. Според законските одредби, сите граѓани кои нема да прифатат да бидат испрашани, може да се казнат со парична казна од 200-400 евра по лице“.
Порталот потсетува и на изјавата на заменик директорот на Заводот за статистика Хилми Селами, именуван на оваа позиција да го контролира пописот во име на ДУИ, минатата година самиот најави дека ако само неколку илјади граѓани бојкотираат, пописот нема да биде целосен.
Имаме доволно време за подготовка за кредибилен попис. Но истиот можат да го одложат само две причини. Прво, не очекување, но евентуално влошување на состојбата на пандемијата и второ, тивкиот бојкот од страна на македонската опозиција. Ако вие не успеете да попишете поради тоа илјада или две илјади лица, пописот не е целосен,
Овие изјави беа дадени во време кога Владата и Заводот се обидуваа да ги присилат граѓаните да се попишат. Но, денес видовме сосем друг пристап, и Владата пописот го прогласи за успешен, иако само во Македонија 132,000 граѓани одбија да се попишат. Нивните основни податоци се внесени благодарение на деталните електронски бази на податоци, но изостануваат важните информации за етничката припадност, мајчиниот јазик и вероисповедта, кои граѓанинот мора лично да ги даде.