Сојузот на синдикати на Македонија најави дека е донесена едногласна одлука за протести и блокади почнувајќи од 10 февруари. Причината за протестите е неуспехот на преговорите во кои синдикатите бараа минималната плата да се зголеми на 18,000 денари.
Од ССМ велат дека ќе блокираат фабрики, институции и патишта.
Донесена е и одлука за организирање собир пред Собранието на 10 февруари со почеток во 11 часот со општ повик до сите граѓани, работници и симдикати за поддршка на пратениците веднаш да го изгласаат законот за минимална плата од 18,000 денари.
За следната недела е најавено продолжување на закочените преговори со Владата и работодавачите, откако вчера работодавачите побараа државна помош за исплата на евентуалната зголемена минимална плата.