Откако зголемувањето на минималната плата на 300 евра месечно предизвика повици за покачување и на пензиите и платите во јавнат аадминистрација, премиерот Димитар Ковачевски денес најави дека пензиите ќе растат.
-Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите бидејки пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови, изјави денеска Ковачевски.
„Слободен печат“ јавува дека се разгледуваат неколку модели, односно наместо досегашната методологија висината на пензиите ќе се одредува и преку порастот на платите со што би се земал 60%, 50% или 40 проценти од нив заедно со трошоците на живот. Тоа значи дека пензионерите ќе добијат поголемо зголемување на пензиите. Од партијата засега не потврдуваат ништо, но најавуваат дека по зголемувањето на минималната плата, подготвуваат сериозно зголемување на пензиите.
Покрај проментата на методологијата, велат извори, се прават пресметки за дополнително зголемување на пензиите за 320.000 пензионери, односно финансиски пакет за оваа година, како поддршка во енергетска и здравствена криза.
Владејачката партија СДСМ веќе ја реализираше поддршката за ранливите категории на пензионери, но според извори од партијата, за пензионерите како категорија која е силно финансиски погодена од пандемијата, но од економската криза се подготвува пакет финансиска поддршка.