Министерството за внатрешни работи реагираше по инцидентот во Куманово вчера кога поголема група граѓани се собраа пред куќата која ја изнајмиле припадници на еврејска верска група. Кумановците беа видно зачудени од групата, со нивните долги бради и ориентална облека, ги фотографираа, им се потсмеваа и ги прашуваа што бараат во градот.
МВР информира дека се работи за група која ги почитува македонсктие закони и е легално во земјата, но нема долго да остане во Куманово. „Во групата има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој“, информираше МВР.
Во куќата пристигнаа во четвртокот околу 21 часот. Дојдоа со вреќи и торби, не донесоа ништо друго. Само во оваа куќа ги има петнаесетина, а имаме информации дека имаат закупено уште три куќи на улицата над нас. Излегуваат преку ден, но повеќе ноќе. Засега не ни прават никакви проблеми, не поздравуваат со страв и брзо заминуваат. Се плашиме и ние од нив, не знаеме како да реагираме. Нивната облека не ни е блиска, едни се во црна облека, други во драп, а трети во бела боја. Сите носам шамии и капи, велат соседите.
Се работи за членови на малата група Лев Таор, формирана во 1988 година, со неколку стотици следбеници. Припадниците на групата се држат до строг пост и молитви. Главно спорно прашање во врска со групата е дека поважните членови бараат строга дисциплина од помладите и од децата, ги принудуваат да се мажат или женат против нивна волја и дека физички ги малтретираат децата. Во 2014 година канадските власти привремено одземале шест деца од припадници на групата поради негрижа.
https://twitter.com/VuksPlaviOci/status/1492672665890570241