Новинарот Зоран Божиновски Буревесник објавува негови информации за случувањата во 2008 година кога тогашниот претседател Бранко Црвенковски го амнестираше тогашниот градоначалник на Струмица Зоран Заев за случајот „Глобал“, но и за уште една контроверзна личност не многу позната за јавноста – Израелецот Гидеон Сандел. Според Божиновски токму тие дилови меѓу Црвенковски и Мијалков ги поставиле темелите на криминалните спогодби кои доведоа до ситуацијата во која сме денес.
Во продолжение објавата на Божиновски:
Џабе арчите напор да исчукате што пооштар текст за СПОГОДБИТЕ со осудени лица. А напаѓате СЕЛЕКТИВНО, па спогодбата на ОРЦО не ја бендисувате, па љути сте за спогодбата на ПОСЕРКО. Ретко некој протестира за СПОГОДБАТА на КИЧЕЕЦ, оти двете банди кои се дел од ПРЖИНСКАТА ВЛАДА уредно се снимени и колекционирани во неговата аудио и видео збирка ,,бомбичиња,,…
НИКОЈ, ама НИКОЈ, особено не од редот на сериозните новинари и медии нејќе да се врати во 2008 кога беа удрени темелите на криминалните спогодби. Претходно, ќе се присетите дека заеднички го ликвидираа БОРИС ТРАЈКОВСКИ, па на вонредни избори пак заедно, со помош на ЧУДОВИШТЕТО и ПОСЕРКО, Бранко Црвенковски ВОНРЕДНО стана претседател на Република Македонија. Тоа е оноа време кога планинарот САШКО КЕДЕВ немал ни поим дека ќе е противкандидат на ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ за претседател, а Црвенковски во декември 2003 нарачал АНЌЕТА во која КЕДЕВ е на листата типови за кои се испитува јавното мислење…
Е таа КОСМОДИСК коалиција на власт, ЧУДОВИШТЕТО премиер, ПОСЕРКО директор на УБК и БЦ председник, летото 2008 ги удри силните темели на денешните спогодби над кои се исчудуваме, ама тогаш 99,99% од вас си молчеа. Мислам на летото 2008. Оваа Коалиција, ПОСЕРКО и БЦ си ја ределе во некогашниот ЦАР САМОИЛ, близу Бања Банско, крај Струмица. Ги служел келнерот ЗОРАН ЗАЕВ…
Е тоа лето, прво сред пролет од Белград беше екстрадиран Израелецот ГИДЕОН САНДЕЛ и сместен во ШУТКА да отслужи затвор од 2,5 години затвор. Според Закон, лице кое било во бегство, после упатување на издржување на затворска казна, до издржување на најмалку половина од казната НЕМА ПРАВО НА НИКАКВИ ПРИВИЛЕГИИ! Сандел во ШУТКА помина само 2 месеци во затвореното одделение и од таму преку неговите адвокати (кои го ограбија претходно, оти све што му беше запленето а имаше подоста имот и пари, поделија меѓу себе како лешинари!), УПАТИ ПОЗДРАВ ДО ПРЕМИЕРСКОТО ЧУДОВИШТЕ:
,,Доколку не бидам ослободен, ќе бидат објавени твоите лични и сметките на ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ, во БАНКА ВО ТЕЛ АВИВ, парите од грабежот на Македонија сред конфликтот 2001 кога со Украина правевте размена на земјоделски производи за оружје и хеликоптери!,,
Вриснаа ЧУДОВИШТЕТО и ПОСЕРКО кај ЦРВЕНКОВСКИ, итно да го помилува САНДЕЛ, да го спакуваат и да го протераат во Израел, со 5 години забрана да се врати. Така и направија. Црвенковски итно и вонредно на крај на јуни потпиша помилување со целосно ослободување на затвореникот САНДЕЛ, после само два месеци одлежан затвор…
Го протераа, ап чекаше да му помине забраната, па се врати во Скопје и се смести во хотел а следното утро бандата на ПОСЕРКО го фрли од карпите на МАТКА!
Само еден месец подоцна, ЧУДОВИШТЕТО и ПОСЕРКО го уапсија идниот талентиран марихуански наркодилер ЗОРАН ЗАЕВ, со комплетната екипа од ,,ГЛОБАЛ,, во која е и неговиот ортак ГОРАН КРСТЕВ. И денес се сопственици на ,,ГЛОБАЛ,,, а МАНУЛАЧ КОСТАДИНОВ на црно им наплаќа ЌИРИЈА на малкуте преостанати дуќанџии после подметнатиот пожар…
Нивното помилување БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ го потпиша на ИЛИНДЕН 2008 година, па после една недела притвор, ЗОРАН ЗАЕВ, ГОРАН КРСТЕВ и екипата од ,,ГЛОБАЛ,, се спасени од кривичен прогон и впрегнати да служат во РАСТУРАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА…
Од овие две СПОГОДБЕНИ помилувања, потпишани од ЦРВЕНКОВСКИ, многу спогодби се склучија, што јавно, што тајно. Многу штета се нанесе на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. А ,,ГЛОБАЛ,, бандата послушно одработи и промена на името на МАКЕДОНИЈА, со сето што во пакет не снаоѓа после сите капитулантски одлуки на СДС и ДПМНЕ, со помош на ДУИ…
Последна шанса нешто да се исправи беше притворот на КОЧАН, кога наместо да биде сместен во Шутка па од таму да поднесе жалба и да чека исход, беше пуштен да чека на слобода, што директно значеше дека од ДПМНЕ измислиле нов Закон за кривична постапка. Секако дека СЕАТ КОЧАН побегна и до темел ја урна власта на ЧУДОВИШТЕТО и ПОСЕРКО. После неговото бегство не можеа ништо да бранат, па преминаа на НОВ ДОГОВОР со ЗОРАН ЗАЕВ. Постигнат е во хотел ПАРК, во август 2016 година. Тогаш ЧУДОВИШТЕТО го исклучуваат од договор и го спремаат за ,,службен пат,, кон Будимпешта, а како пратеник на ПОСЕРКО, АЛЕКСАНДАР ВЕРУШЕВСКИ договара идна негова соработка со ЗАЕВ.
Таа соработка подразбираше купување пратеници за промена гласање во Собрание за промена на името и подразбира ПОСЕРКО со 20 години првостепена пресуда да остане на слобода, да чека правосилност, а се знае дека секое осудено лице над ПЕТ ГОДИНИ затвор автоматски заминува на отслужување на казната, па од таму се жали на Апелационен суд и чека исход од таа жалба.
ПОСЕРКО е исклучок од закон и правило, па со 20 години досуден затвор ќе ,,служи,, затворска казна од три години затвор, а МОРА во меѓувреме на бандата со која е договорен (ЗАЕВ/ЌУРКА), да им купи пратеници од ДПМНЕ кои ќе гласаат сега за промена на Уставот, вметнувањето на Бугарите во него и којзнае на уште кој и кого…
И така, до некоја идна ПРОМЕНА…
СОВЕТ: Не се нервирајте, туку почнете само да гледате и да се смеете. Сочувајте си ги нервите и спокојот, иде време очи ќе си исповадат. Така е СЕТИРАНО!