Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов кој се уште еден од владејачкото мнозинство и покрај дел несогласувања смета дека не треба да се трошат пари на референдум туку треба да се организираат предвремени избори каде партиите ќе побараат поддршка од граѓаните за преговарачката рамка.
Преговарачката рамка доби поддршка од 68 пратеници,по што Владата даде согласност на “пакетот”, за Меѓувладината конференција и започнување на скрининг процесот, кој треба да трае околу 1,6 година, период во кој треба да се внесат Бугарите во Уставот и да се имплементираат обврските дефинирани во протоколот.Формално правно за започнување на преговорите и отворањето на кластерите треба да се одрази на нова Меѓувладина конференција помеѓу Македонија и ЕУ.Наместо референдум, Владата односно партиите и пратениците можат да одат на предвремени избори и да барат поддршка од граѓаните,меѓу другото и за преговарачката рамка и политиките кои ги имплементираат, смета Трајанов.
Тој посочува дека се уште постојат дилеми и контраверзии околу можен референдум, посебно како што вели тој за „што ќе се однесува, кога ќе биде организиран, дали ќе биде успесшен и какви ефекти и последици ќе има врз евроинтеграциските процеси“ .
-Имаме сериозни резерви за референдум, посебно што досега се неуспесшни. Демекрстскиот сојуз предлагаше референдум за преговарачката рамка, но само доколку Парламентот донесеше одлука со поширок консензус и таквата одлука да оди на проверка кај граѓаните (референдум). Засега е многу рано да имаме конечен став, но да почекаме како ќе се развиваат процесите. Но, веќе реков дека Владата нема да организира референдум, вели Трајанов за локално.мк.