Најнапред албанските медиуми напишаа, а синоќа во телевизиско интервју новинарските наводи ги потврди лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека актуелниот заменик премир во македонската влада и десна рака на Ахмети, Артан Груби, бил преведувач во злогласната „Жолта куќа“, каде наводно се вршеле операциите за нелегално пресадување на органи од затвореници на ОВК.
Ахмети рече дека Груби таму бил само преведувач, „ и ништо повеќе од тоа“. При тоа, објасни дека Груби со години работел како преведувач во седиштето на НАТО во Скопје и во Холандската амбасада во Скопје, а претходно бил преведувач и во Хашкиот трибунал.
Скандалот со трговијата со органи на црниот пазар попознат како „Жолта куќа“ беше откриен во 2008 година, кога турски државјанин беше задржан на приштинскиот аеродром, откако имал видливi болки предизвикани од отстранување на бубрег.
„Жолта куќа“ е симболичен назив за зградата во село во близина на Бурел во северна Албанија, каде се правеле нелагалните операции со човечки. Мал дел на припадници на ОВК биле вмешани во бизнисот со носење на српски затвореници, од кои биле вадени органи. Агенцијата Reuters наведува дека во одвоен случај вниманието на обвинението поврзано со трговијата со органи се зголеми откако специјалниот известител на Советот на Европа, Швајцарецот Дик Марти, кој во 2010 година обвини дека борците на ОВК ги земале органите на заробениците, во прво ред на Србите во текот на војната во 1998 и 1999 година.
Специјалниот суд кој е формиран според косовските закони но со меѓународни обвинители и судии, треба, исто така, да се занимава со обвинувањата на Марти, но засега нема официјално обвинение за ниедно лице.
Повеќе >> ММС