Република Бугарија предложи акциски план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Планот го предаде вицепремиерката Екатерина Захариева на специјалниот претставник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија.
Овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).
Министерството за надворешни работи исто така соопшти дека за време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји и направен е преглед на спроведувањето на голем број практични обврски, за што бугарската страна констатира дека има забавување.
Извор: plusinfo.mk