Зоран Заев, Премиерот на Република Северна Македонија во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 и порача на опозицијата да не го бојкотира вториот круг од претседателските избори, бидејќи тоа може да доведе до нови политички кризи во земјата.
Откри дека веќе се консултирал со министерката за правда Рената Треневска Дескоска за евентуалната промена на Уставот доколку го нема потребниот цензус во вториот круг од претседателските избори на 5 мај.
– Се консултирав со Дескоска, таа е мој прв правник во Владата. Ми рече дека преку промена на Уставот може да се избере претседател на државата на два начини – или да се тргне цензусот, или да се изгласа претседател во самото Собрание – изјави Заев.
Тој рече дека не верува дека ќе пропаднат претседателските избори, односно ќе ја нема потребната излезност од 40 отсто од гласачкото тело во вториот круг.
– На референдумот имаше 37 отсто излезеност и тоа со болно прашање за македонската етника заедница. Дури и со бојкотирање ќе може да се исполни цензусот. Но јас не верувам дека опозицијата ќе бојкотира – рече шефот на македонската Влада.
Извор: [balkan.mk]