Владата нуди помош за Нотр Дам

Нотр Дам
Прочитај за: < 1 минута

Владата на денешната 130 седница донесе одлуки 5 мај да се прогласи за Ден на македонскиот јазик, потоа ја усвои информацијата за прогласување епидемија на мали сипаници, одлучи земјата да биде домаќин на американски војници на најголемата воена вежба, а нуди и помош на Франција за Нотр Дам.

Владата го задолжила Министерството за надворешни работи да се координира со француските власти за помош за реставрација на опожарената црква Нотр Дам.

На седницата донесена е одлука со која 5 мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик, бидејќи на тој ден во 1945 година е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци е озаконет првиот правопис.

Владата ја усвоила и информацијата за прогласување епидемија на мали сипаници на територија на целата држава. Усвоени се и препораки, меѓу кои како важна ја истакнуваат препорака да се интензивираат мерките за вакцинирање на невакцинирани деца преку спроведување на кампањи за вакцинација и теренски активности за промоција на вакцинацијата и да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14 а помлади од 45 години.

На седницата е прифатена и информација дека земјата ќе биде домаќин на 2000 американски војници кои заедно со АРМ ќе учествуваат на најголемата воена вежба досега, „Одлучен удар“, која во неколку фази ќе се спроведе од 20 мај до 15 јули оваа година. Со вежбата треба да семанифестира сојузничката поддршка за членството на земјата во НАТО.

Владата финансиски ќе поддржува здруженија и фондации од Буџетот на Македонија. Минатата година за поддршка на 888 здруженија и фондации биле одвоени седум милиони евра, а за 2019 година за истата цел се предвидени осум милиони евра.

Извор: [www.slobodnaevropa.mk]

SHARE