Професорката и пратеничка Иванка Василевска во денешното во гостување во „Утро со Златев“ зборуваше и за улогата на Зоран Заев во потпишувањето на Преспанкиот договор како и за договорот за добрососедство со Бугарија.
„Заев е обичен муртински трговец, тој е срам и за левицата во Македонија и за социјалдемократката идеологија, срам е и за Македонија како целина, за македонскиот народ. Заев е избран хибридно, насаден за да ја менува историјата“, рече Василевска.
Проофесорката потсети дека Заев не победи на изборите 2016 година, туку како што рече, „беше со инженеринг насаден, со злоупотреба на граѓанското право“.
„И договорот со Грција и Договорот со Бугарија се преговараа и се дискутираа и во време на Никола Груевски, не се потпишаа затоа што имаше свест и одговорност и бидејќи беа консултирани широки кругови на интелектуалци стручни лица“, појасни Василевска.
Инсталирањето на Заев, вели таа, не дојде грубо бидејќи граѓаните беа заморени, имаше протсти, имаше Шарена револуција. Луѓето веќе сакаа да се пацифизира општеството и да дојде во една нормала. Веднаш потоа, како што рече, на брза лента беше потпишан Преспанскиот договор без консултација со граѓаните и потоа Бугарскиот договор.