Секој народ има власт каква што заслужува! Поразот на Силјановска покажува само дека си ги заслужуваме и Стево, и ЗЗ и Али… Gordana Siljanovska Davkova е премногу добра за оваа колонија. Еден пријател ми рече одамна дека таа е 10.000 км над нивото на нашата политика.
И’ честитам на стаменоста, достоинството, пристојноста и умот. Не ја заслужуваме. Таа стори се’ што беше во нејзина моќ – ние ја изневеривме!
Ги чувме говорите на претседателот и на професорката. ЈОЈ РАЗЛИКЕ! Неспоредливо во речитоста, стаменоста, умноста, достоинството! Да, не ја заслужуваме! Не сме зрели за ваква претседателка!
Ме прашуваат како сум. Добро, мирно. Јас мојот народ одамна го исплакав, во онаа долга ноемвриска вечер во 2004 година, кога не излезе на референдумот затоа што се исплаши. Кога го дресираа дека некои прашања не заслужуваат одговор. Тогаш напишав дека се чувствувам како Јети.
Сега немам ни солзи, ни емоции… Само тишина! И празнина. И од мене – толку! Одјава!