Македонија за Доналд Трамп
Еден од подобрите домашни познавачи на политиката во САД, Трајче Петрушев, човек кој редовно на својот Фејсбук профил објавува анализи и содржини, кои обичнииот народ не може да ги пронајде на пропагандните медиуми „Fake CNN“, „New York Times“ или „Washington Post“, а чии содржини се превземаат без било каква критичка мисла на домашните меинстреам медиуми, тој денес даде свој осврт зошто Доналд Трамп е далеку подобро решение токму за интересите на Македонија.
Денес објави краток коментар за претседателските избори во САД:
„Го знаете мојот став, Трамп е многу подобро решение за МАКЕДОНСКИОТ народ во однос на Бајден. Овие ќе бидат едни од најнеизвесните претседателски избори во САД, нешто налик на дуелот Ал Гор против Буш во 2000 година.
Светот е пред големи промени, а ретроградните сили олицетворени во Бајден, овој пат ќе сторат сЕ за стариот систем да остани заштитен. Трамп во нормални услови би бил фикс победник, но има опасност од неколку фактори: пристрасноста / цензурата на технолошките гиганти (фејсбук, твитер), поштенското гласање, посебно во држави каде е дозволено и покасен прием на гласови, гласање без легитимирање и можноста за непризнавање на резултатите и насилство преку Антифа и Блек лајвс матер.
Трендот во последните денови е позитивен за Трамп, по откривањето на најновите скандали за младиот Бајден. Исто така трендот е оптимистички и во свинг стејтсовите, како Флорида и Пенсилванија. Најверојатно добитни за Трамп ќе бидат и Северна Каролина, Аризона и Ајова, а малку потенко ќе е во Висконсин и Мичиген.
Во било кој исход, процесите се НЕЗАПИРЛИВИ, и светот нема да биди повеќе ист. Прашањето е дали транзицијата ќе биде помирна со можност САД да биде најцврстиот мултиполарен столб, но еден столб, или транзицијата да биде хаотична со многу конфликти но и крахирање на САД. Едно знам, печатењето на фиат валути, вклучително и доларот, ain’t gonna fly на долг рок.“
Македонски Весник е исто така поддржувач на Претседателот Доналд Трамп и за среќа на овие избори Доналд Трамп е сигурен победник, па не мора да се грижиме за подобрување на односите на САД со нашата држава. Ако се согласувате со нашиот став, споделете до што поголем број луѓе да допре оваа содржина.
Македонски Весник повикува дијаспората во САД со право на глас, да го искористи своето право и да помогне на Македонија, а во едно и на САД, на начин што ќе гласа за Доналд Трамп.