Во вчерашното гостување на Др.Караџовски – Претседателот на комисијата за справување со пандемијата во државата, во емисјата „Само вистина“ која се емитува на Канал 5 ТВ, носеше две заштитни маски, кои не беа една врз друга, туку со една го покрива носот и устата, а другата маска во долниот дел, каде ја покрива брадата и вратот, иако никогаш јавно не апелирал во јавноста дека треба да се штитат брадата и вратот, па не е јасно од кои причини на тој дел носел маска, можеби не забележал дека маските не се поклопуваат како двојна заштита.
Во текот на интервјуто запрашан од водителот зошто носи две маски, Др.Караџовски одговори дека независно колку е дезинфицирано студиото, тој заради себе и неговата здравствена состојба носи две маски како сигурна заштита за неговот здравје и порача дека сите граѓани кои се наоѓаат во јавен затворен простор мора да носат маска и да ги почитуваат мерките и правилата за да не се шири вирусот Ковид-19.
По завршување на интервјуто, Др.Караџовски и водителот се одјавија, по што режисерот ги изгасна светлата во студиото. Во тој момент Др.Караџовски, без да знае дека емисијата сеуште оди во живо, ги тргна маските од лице и продолжи со водителот да разговара.
Имено Др.Караџовски изминатите денови по медиуми ги учи граѓаните да носат маска и да држат дистанца и да носат секаде, па дури и во автобус, но по се изгледа тоа е само за пред камери. Веднаш по гаснењето на камерите тој истата ја вади.
Извор: Медицина и Здравје