Поранешниот висок партиски функционер на ВМРО ДПМНЕ и министер во повеќе влади на Никола Груевски, Никола Тодоров, во авторската колумна за Дојче веле на македонски јазик, ги анализира односите меѓу лидерите на Лавица и на ВМРО ДПМНЕ.
Тодоров проценува дека Димитар Апасиев ќе излезе како победник од таа реална или фингирана лидерска конфронтација со Христијан Мицкоски.
Лидерот на оваа партија, како резултат на фактот што неговата харизма, политичко знаење, вештини и реторика е значајно поголемо и посилно од харизмата и политичкото знаење, вештини и реторика на актуелниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, стана попопуларен од лидерот на ВМРО. На последната седница за пратенички прашања во собранието се обиде да се спротивстави и на Заев, но доби политичка „заушка“, па многу веројатно е дека сега повторно ќе си се фокусира само на ВМРО, пишува Тодоров во својата колумна и додава:
Дали може да поверувате дека Апасиев е повлијателен и повеќе популарен од лидерот на ВМРО? Дали може да поверувате на кое дереџе Мицкоски го доведе ВМРО? Апасиев, во отсуство на харизматичен и/или работлив лидер на ВМРО почна да доминира во опозицијата и го зазема приматот на лидер на опозицијата со само два пратеника во Собрание. Ова е невидено во нашата плуралистичка историја и е резултат на факторот-ултра слаб лидер на ВМРО.
Според Тодоров, попусто, сега гледам, се обидува ВМРО да го нападне Апасиев. Велам попусто бидејќи како резултат на политичкиот дилетантизам кој го води ВМРО, наместо да му го спуштат рејтингот, ќе ги направат Апасиев и Левица уште попопуларни. Битката ВМРО- Левица, со овој лидер на ВМРО, неминовно ќе ја направи Левица победник, и посилен фактор на македонската политичка сцена. Фингираниот судир Мицковски- Апасиев, нема како да заврши освен со победа на Апасиев.
Повеќе >> www.dw.com