Стефан Влахов Мицов: Во Македонија живее најглупата македонска генерација во последните три милениуми

Влахов Мицов
Прочитај за: < 1 минута

Не случајно пред скоро пет децении поетот Ацо Шопов напиша: Македонија е судбината на светот, светот е судбината на Македонија. Ако денес живееме во најглупавиот свет, во Македонија пак живее најглупата македонска генерација во последните три милениуми. Нашиот ментален идиотизам и зомбираност се безгранични: На сите нивоа, во сите институции.

Како во останатиот свет, така и кај нас, исклучоците на нормално мислење се сосема малку, пишува историчарот и политички аналитичар, Стефан Влахов Мицов.

Денес сите, вели тој, од првиот до последниот на поранешната македонска територија (одамна не сме македонска држава, а веќе не сме и македонска територија), дејствуваме не како народ, туку како збирштина со кратка меморија, живееме со прилагодување ден да помине. Тоа е филозофија не на борци и победници, туку на пирејот: Да опстанеме. Е, зошто да опстанеме како пиреј? За да не користат сите, да не истребуваат и да се потсмеват со нас? Да го е*ам таквиот живот и таквото опстојување!

Според Мицов, нашата меморија трае не илјадалетија, не столетија, не децении, туку само еден изборен циклус. Веќе и уште помалку. Ја заборавивме историјата, традициите, се трансформиравме во питачи на Европа: за секакви донации, вакцини и слично.

Зошто во времето на Југославија ниту Бугарија, ниту Грција го оспоруваа македонскиот идентитет и јазик и потпишуваа договори на македонски јазик без уставни додавки, прашува тој и одговара:

Повеќе >> Во Центар

SHARE