Таравари: Мицкоски е подготвен во Законот за јазици да стои Албанци, наместо заедница со 20 отсто

Прочитај за: < 1 минута

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека е можно да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива.

Тој откри детали од разговорите за можна коалиција. Според Таравари, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наводно, се извинил за настаните на 27 април 2017 година, кога лидерот на Алијансата Зијадин Села беше најтешко повредениот пратеник во насилствата во парламентот.

На „маса“, наводно, се нашол и Законот за јазици, кој во почетокот на 2017 година беше дел од коалицискиот договор меѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците, а на кој ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше.

Повеќе >> Nova TV

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE