Виктор Канзуров: Делчев е Бугарин и Македонец

Виктор Канзуров
Прочитај за: < 1 минута

„Нема никакво каење во Бугарија, но морам да потенцирам дека таа тема, македонската тема воопшто не присуствува како главна во бугарскиот медиумски простор за разлика од Македонија. До пред некој месец таа тема речиси и да ја немаше во јавниот дискурс, но во целина нема некое вжештување”, изјави новинарот Виктор Канзуров во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Тој истакна дека многу добро се коментирал успехот на Фудбалската Репрезентација на Македонија, сите се израдуваа на тој успех.

„Дури и поради кризата во која е бугарскиот фудбал, на последната прес конференција во Софија, селекторот на бугарската репрезентација Дерменџиев, малку на шега го прашаа новинарите како го коментира тоа што се случува со бугарскиот фудбал, визави успехот на македонските репрезентативци, тој им одговори „знаете ли каде тие играат, демек во какви квалитетени европски клубови” истото го кажа по последниот неуспех на бугарската репрезенатција и Јордан Лечков, славениот бугарски фудбалски репрезентативец, кој на новинарите им рече дека треба да се земе пример од Македонија за фудбалот”, изјави Канзуров.

Но како што истакна за она што во моментов се случува на политичката сцена помеѓу Македонија и Бугарија, Канзуров вели луѓето се вчудоневидени, политичарите и новинарите од таа невидена омраза, невидена бугарофобија која владее во Македонија и за жал наместо од опозиционото ВМРО ДПМНЕ во голем степен се поттикнува и од власта.

Повеќе >> mms.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE