Со реакција на изјавата на Захариева, на социјалните мрежи се огласи и поранешниот амбасадор во Бугарија, Ѓорѓи Спасов.
“Врв на безобразие од Захариева
Ние сме го славеле уште “диктаторот” Тито кој беше икона на антифашистичката борба, почитуван од цел свет и врвен демократ спореден не само со Тодор Живков туку и со многу современи политичари во Бугарија. И затоа, што сме го славеле Тито (кој ја измислил македонската нација) тие што го слават Царот Борис трети, кој беше на страната на фашизмот во Втората светска војна, не можеле да дадат согласност за почеток на преговори со ЕУ.
Тие се обидувале долго да не убедат да разбереме што сакаат ама ние не сме биле способни да разбереме или сме биле нешто како недозреани или малоумни.
И таа Захариева со широка цинична насмевка, не ширела говор на омраза.
А шири. И прави се со сета камарила, да ни се одмили членството во ЕУ и да ја претстави ЕУ како клуб на повластени нации во кој уцената на секој нивни член кон кандидатите за членство мора да се смета за врвна мудрост.
Но, ниту помислија така да се однесуваат кон почетокот на разговорите со Србија во чиј состав останаа “западните покраини” кои Хитлер исто така му ги даде на Царот ослободител да ги окупира и да воспостави бугарска администрација во време на Втората светска војна.
Ова срамно однесување на Бугарија е за жалење. А имаат толку многу умни и чесни интелектуалци кои според “умната” Захариева изгледа исто така не разбираат ништо.”