Ј. Б. Тито се изучува и како еден од најголемите диктатори во 20.век.
Точно е дека Тито ја направил екс СФРЈ, најлибералната комунистичка држава од сите тогашни СССР – сателити, вклучително и Бугарија. Најлиберална, но сепак, со сите нишани на комунизам – социјализам.
Точно е и дека бил на чело на антифашистичкото движење на овие простори, борејќи се против фашизмот, вклучително и против Бугарија, како германска подружница кај нас.
Но, точно е и дека во сите учебници на најпрестижните светски универзитети, Ј. Б. Тито се изучува и како еден од најголемите диктатори во 20.век, меѓудругите заедно и со Тодор Живков. Како што е факт и дека, и покрај тоа, најголемиот дел од повозрасните Македонци жалат за Титовото време. И дека, тоа чувство го пренесуваат на идните генерации. Факти, кои многу добро ги знае Захариева, и максимално ги користи/злоупотребува во овие историски моменти.
Затоа ни се потребни ладни глави. Да не паѓаме на провокации. Реална дебата ни е потребна. И на двете страни. Само така може да се придвижиме напред. Во заедничка, европска иднина.
П.С.: Тоа што Бугарија, низ (поновата) историја не знаела да го погоди моментумот и скоро секогаш одбирала погрешна страна, е посебна тема…
Игор Андреев – Директор на Вардраски Плански регион
https://www.facebook.com/igor.andreev.16/posts/10220543055418772