На денешната седница во Собранието, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, истакна дека законот за попис на населението е со низа недоследности во кој не се вметнати регулативите и стандардите на Европската Унија и Евростат, а истовремено се прави и злоупотреба на европското знаменце од страна на владејачкото мнозинство.
„Во европските парламенти во членките на ЕУ обично во текот на една година не се носат повеќе од 150 – 160 закони, ние за два месеци оваа собраниска фабрика произведе речиси 170 закони меѓу нив и законот за попис на населението, домаќинствата и становите чии наслов не соодветствува на она што ќе се попишува. Слушам на телевизија, не во текот на расправата од директорот како зборува на Алсат за резидентно население за нерезидентно население но го препрочитав неколку пати законот и не можам да видам таква класификација. Веројатно ќе биде во методологијата но и неа ја нема и ќе ја добиеме еден месец по донесувањето на законот па ве упатувам на други искуства да видете како методолошки упатства се заедно во пакет со законите, со сериозни објаснувања, со сите инструменти на тајмингот на роковите и слично“, рече Силјановска.
Таа додаде и дека од страна на владејачкото мнозинство се прави злоупотреба на европското знаменце.
Повеќе >> info.mk