Филип Петровски: Моите кадри го превземаат ДПМНЕ

Филип Петровски
Прочитај за: < 1 минута

На социјалните мрежи се огласи Филип Петровски, кој во минатото се оддели од ВМРО-ДПМНЕ и формираше соптсвена партија, Демократска Десница.

Негов најблизок човек во таа партија беше токму Александар Даштевски. Филип Петровски на Твитер напиша: Моите кадри од Демократска Десница ја превземаат ВМРО-ДПМНЕ.

„Мошне сум задоволен што моите кадри од ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА полека но сигурно го преземаат ДПМНЕ. Тоа беше оригиналниот план во 2011, ама ќутете не ширете. Белата палата ми е небитна целосно. Ако им требаат скапи канцеларии и раскош платени со украдени пари ете им ги нека си седат. Партијата е примена од членството. Нот мај веј“, напиша во два статуси на Твитер филип Петровски.

Петровски не пропушти да го спомене и актуелниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој остана запаметен што при последните есенски протести на партијата извика „Да живее Зоран Заев“, а потоа се поправи и рече дека погрешил.

Извор: galama.club

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE