Не верувам дека министерот Оливер Спасовски не ја гледал цела емисијата нa #ClickPlus на 21tv во која изнесов многу проверливи факти (кој ги знае) за фалсификаторите од МВР, криминалните јавни набавки за опремувањето на МВР, „ажурноста“ на ОЈО и сл., и изјавеното од моја страна дека кривичната пријава е неосновано отфрлена од ОЈО.
Не верувам исто така, дека е „случајно“ што со изјавата министерот Оливер Спасовски, потврдата дека кривичната пријава е отфрлена му ја препушти на ОЈО за ГОКК.
Од вчерашната изјава на министерот е добро (за почеток) што тој „потврдува дека три лабаратории купени за Факулетот за безбедност преминале во МВР, но и дека ваквите дејствија се случиле за време на ВМРО-ДПМНЕ“…
Непотребно беше нагласувањето на времето кога се случило тоа, затоа што тоа нема никаква врска со обврските криминалот во МВР да се истражи, со многу поголем интерес токму кога МВР не под водство на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, за жал пријавата поднесена токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ овие исти обвинители од тоа време, не ја отфрлија тогаш. Тоа го направија 7,5 години подоцна, односно 4 години откако СДСМ е на власт‼ Зошто⁉️ Ќе треба да кажат многу појасно ВО ВЕТИНГ.
Што е предизвикот за министерот Оливер Спасовски ако сака да го расчисти криминалот во сопствените редови и ако не сака да биде следач на небулозното „право по Вилма Русковска“.
Му дадам неколку лесно проверливи факти (вистини) кој ги знае и има шанси да ги потврди во интерес на вистината.
Кои се вработените лица во МВР кои фалсификувале службени исправи (тендерска документација), лажно се претставувале и примале опрема која не била доделена на МВР⁉️ (кратки факти со фалсификувани документи во прилог)
КАТЕРИНА ЈОВАНОВСКА, Началник на Одделението за дигитална форензика.
ЛАЖНО се претставила како вработена на Факултет за безбедност (раководител на проект).
ФАЛСИФИКУВАЛА службена исправа – Елаборат со тендерска спецификација за набавка на компјутерски хардвер и софтвер.
ФАЛСИФИКУВАЛА службена исправа со давање на НЕТОЧНИ податоци дека, Факултетот за безбедност има Лабараторија за информатичко-криминалистички испитувања.
НЕЗАКОНСКИ и СВЕСНО примила опрема без владина одлука за доделување на опремата набавена со ФАЛСИФИКАТ.
СВЕСНО ПРЕМОЛЧИЛА ФАКТ дека примила опрема 5 месеци пред Владата опремата да ја додели на Факултет за безбедност, а не на МВР.
Катерина Јовановска дејствијата ги извршила во време на ВМРО-ДПМНЕ, НО и денес работи во МВР – раководи со Одделението за дигитална форензија кое „ВЕШТАЧИ“ на криминално набавената опрема во која самата учествувала.
ФАКТ ПЛУС е што Катерина Јовановска на судско рочиште во декември 2020 година ПРИЗНА и ЈА ПРЕПОЗНА опремата во чија незаконска набавка преку фалсификати и самата учествувала.
ОЈО за ГОКК ниту истражила, ниту дознала, ниту одговора во отфрлањето на пријавата дали оваа лабараторија е набавена или не, односно доколку е набавена каде се наоѓа.
ВЕСНА АНТИЌ, главен инспектор за хемиско испитување при МВР.
ЛАЖНО се претставила како вработена на Факултет за безбедност (раководител на проект).
ФАЛСИФИКУВАЛА службена исправа – Елаборат со тендерска спецификација за набавка на електронски микроскоп.
ФАЛСИФИКУВАЛА службена исправа (елаборат) со давање на НЕТОЧНИ податоци дека, Факултетот за безбедност има Лабараторија за микро траги.
НЕЗАКОНСКИ и СВЕСНО примила опрема без владина одлука за доделување на опремата набавена со ФАЛСИФИКАТ.
СВЕСНО ПРЕМОЛЧИЛА ФАКТ дека примила опрема 7 месеци пред Владата опремата да ја додели на Факултет за безбедност, а не на МВР.
Весна Антиќ дејствијата ги извршила во време на ВМРО-ДПМНЕ, НО и денес работи во МВР во Одделот за криминалистичка техника и „ВЕШТАЧИ“ на криминално набавената опрема во која самата учествувала.
ФАКТ ПЛУС е што Весна Антиќ на судско рочиште во октомври 2020 година ПРИЗНА дека не направила ниту едно вештачење на земја (случај Монструм).
ОЈО за ГОКК ниту истражила, ниту дознала, ниту одговора во отфрлањето на пријавата дали оваа лабараторија е набавена или не, односно доколку е набавена каде се наоѓа.
БРАНКО ПЕТРЕСКИ (во меѓувреме прензиониран од Началник во Одделот за криминалистичка техника).
ЛАЖНО се претставил како вработен на Факултет за безбедност (раководител на проект).
ФАЛСИФИКУВАЛ службена исправа – Елаборат со тендерска спецификација за набавка на систем за автоматизирана обработка на отпечатоци и траги од папиларни линии (АФИС).
ФАЛСИФИКУВАЛ службена исправа (елаборат) со давање на НЕТОЧНИ податоци дека, Факултетот за безбедност има Лабараторија за криминалистичка регистрација и идентификација.
НЕЗАКОНСКИ и СВЕСНО примил опрема без владина одлука за доделување на опремата набавена со ФАЛСИФИКАТ.
СВЕСНО ПРЕМОЛЧИЛ ФАКТ дека примил опрема 2 месеци пред Владата опремата да ја додели на Факултет за безбедност, а не на МВР.
Бранко Петревски дејствијата ги извршила во време на ВМРО-ДПМНЕ, но се пензионирал од МВР од Одделот за криминалистичка техника кој работи на криминално набавената опрема во која самиот учествувал.
ФАКТ ЗА МИНИСТЕРОТ И ЗА СИТЕ – АФИС системот е единствената опрема од пријавените која била предмет на „истражување“ во ОЈО на Русковска и Смаќовска.
РОБЕРТ ЈАНЕВСКИ, вработен во Одделот за криминалистичка техника при МВР.
ЛАЖНО се претставил како вработен на Факултет за безбедност (раководител на проект).
ФАЛСИФИКУВАЛ ДВЕ службени исправи – Елаборат со тендерска спецификација за инструментална модернизација на лабараторија за ДНК анализа на траги од биолошко потекло и Елаборат со тендерска спецификација за инструментална модернизација на лабараторија за ДНК анализа на референтен материјал.
ФАЛСИФИКУВАЛ службени исправи (елаборати) со давање на НЕТОЧНИ податоци дека, Факултетот за безбедност има Лабараторија за ДНК анализа на траги од биолошко потекло и Лабараторија за ДНК анализа на референтен материјал.
ОЈО за ГОКК ниту истражила, ниту дознала, ниту одговора во отфрлањето на пријавата дали овие ДВЕ лабаратории се набавени или не, односно доколку се набавени каде се наоѓаат.
ИРЕНА ГЕОРГИЕВСКА, вработена во Одделот за криминалистичка техника при МВР.
ЛАЖНО се претставила како вработена на Факултет за безбедност (раководител на проект).
ФАЛСИФИКУВАЛА службена исправа – Елаборат со тендерска спецификација за набавка на лабараториски дигестори.
ФАЛСИФИКУВАЛА службена исправа (елаборат) со давање на НЕТОЧНИ податоци дека, Факултетот за безбедност има Лабараторија за хемиски испитувања.
ОЈО за ГОКК ниту истражила, ниту дознала, ниту одговора во отфрлањето на пријавата дали оваа лабараторија е набавена или не, односно доколку е набавена каде се наоѓа.
ИГОРЧО БОЖИНОВ, вработен во Одделот за криминалистичка техника при МВР.
ЛАЖНО се претставил како вработен на Факултет за безбедност (раководител на проект).
ФАЛСИФИКУВАЛ службена исправа – Елаборат со тендерска спецификација за набавка на систем за визуелизација на траги од папиларни линии.
ФАЛСИФИКУВАЛ службена исправа (елаборат) со давање на НЕТОЧНИ податоци дека, Факултетот за безбедност има Лабараторија за траги од папиларни линии.
ОЈО за ГОКК ниту истражила, ниту дознала, ниту одговора во отфрлањето на пријавата дали оваа лабараторија е набавена или не, односно доколку е набавена каде се наоѓа.
СТОЈАНЧЕ ВОЛКАНОВСКИ (во меѓувреме прензиониран од Началник во Одделот за криминалистичка техника).
ЛАЖНО се претставил како вработен на Факултет за безбедност (раководител на проект.
ФАЛСИФИКУВАЛ службена исправа – Елаборат со тендерска спецификација за набавка на гасно-масен спектрометар со троен-квадропол детектор.
ФАЛСИФИКУВАЛ службена исправа (елаборат) со давање на НЕТОЧНИ податоци дека, Факултетот за безбедност има Лабараторија за токсикологија и дроги.
ОЈО за ГОКК ниту истражила, ниту дознала, ниту одговора во отфрлањето на пријавата дали оваа лабараторија е набавена или не, односно доколку е набавена каде се наоѓа.
МИРОСЛАВ УШЛИНКОВСКИ (во меѓувреме прензиониран од Началник во Одделот за криминалистичка техника).
Ги „верификувал фалсификатите“ на своите вработени во создавањето на фалсификувани службени исправи (тендерска документација) за свесно изигрување на постапки за јавни набавки на штета на Факултетот за безбедност, а во интерес на МВР.
Во изјава за неделникот Фокус бр. 994 од 24.10.2014 година, деканот Јанко Јакимов кој се потпишувал на овие фалсификувани исправи во корист на МВР изјавува:
„Идејата за целиот проект беше на МВР. Имав директни контакти со министерката Гордана Јанкуловска. Знаеше и министерката и врвот на МВР за целиот проект …“
За почеток на овој предизвик за министерот Оливер Спасовски нека ги погледне фотографиите од неколку фалсификувани службени исправи и нека одговори на прашањата:
Дали потврдува дека овие лица се вработени во МВР, односно некои се пензионирани од МВР.
Дали ја прифаќа „вистина по Вилма Русковска“ дека е во ред и дека не криминал лажното претставување на овластените службени лица и нивното учество во фалсификување на тендерски документации за изигрување на тендерски постапки во интерес на криминалното опремување на МВР.
Дали смета дека утврдувањето на одговорноста за злоупотребите на овластувањата на вработените во МВР има и МВР.
Дали непостапувањето на МВР преку Секторот за внатрешна контрола по конкретна Претставка бр. 14-95505/1 со документи за конкретните кривични дела може да се смета за соучесништво во организирано прикривање на криминал и прифаќање на соодговорноста со јавните обвинителки.
И на крај, еден пластичен пример „од социолог за правник“, како логика во одговорите на прашањата:
„Ако професор од Факултетот за безбедност – Скопје се потпише на Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи и ако предлог-законот со тој потпис ги помине сите процедури пред да биде усвоен од страна на Собранието и да биде објавен законот во службени весник, дали тогаш законот е донесен на законит начин од страна на овластени предлагачи и застапници?“
Одговорот е НЕ
Оттука, недозволиво е „ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ“ на криминални јавни набавки со ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА АРОГАНЦИЈА И ЗЛОУПОТРЕБА во заштита на криминал‼
Во следнава објава (Part 2) по истиот пример ќе ги обелоденам криминалните дејствија на сите политичари кои се дел од овој организиран криминал, за да оцените сами Дали ОЈО за ГОКК, ЈО Вилма Русковска и сите други имаат право ДА ГИ АМНЕСТИРААТ.
Се ќе стане појасно.