„Претседателе не ги штити терористите на 27 април“! Со овој слоган се протестираше во близина на претседателската вила „Водно“, по тврдењата на претседателот, Стево Пендаровски, дека е „за“ повторно судење за настаните на 27 април доколку има нови докази.
Полицискиот кордон не им дозволи до се доближат до претседателската палата, затоа транспарентите ги кренаа малку подолу од патот. Портретот на Претседателот, премиерот, Зоран Заев и на Али Ахмети со Никола Груевски ги направиле со натпис „Диктатор“. За разлика од нив, кај сликата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на англиски пишуваше „куче“.
„Напаѓачите на 27 април кои сторија таков акт кон Парламентот, го загрозија животот на пратениците и вработените, таков терористички акт во цивилизираните земји би бил казнет со доживотен затвор, затоа ние се собравме тука за да го повикаме Стево Пендаровски да не ги штити терористите бидејќи демократијата не дозволува такво нешто“, истакна организаторот Блерим Ахмети.
Таканаречениот „Организативен совет на протести за монтираните политички случаи“ исто така праша дали Пендаровски ја врши должноста на Претседателот или на судија и зошто никогаш не ги коментирал пресудите на случаите каде беа осудени Албанци, како „Монструм“ и „Диво Насеље“.
На крајот на протестот ги запалија сликите на лидерите кои ги носеа на раце.
Претседателот Пендаровски мината недела рече дека можно е да има повторно судење за 27 април, доколку има нови докази, а додаде дека воопшто не смета дека се терористи тие кои упаднаа во Собрание крвавата ноќ.
Повеќе >> Tv21