Министерство за здравство: Сите кои се позитивни на тестовите од „Систина“, задолжително треба да направат тест во ИЈЗ

institut za javno zdravje
Прочитај за: < 1 минута

Поради различните толкувања во јавноста околу важноста и валидноста на брзите тестови, а кои не детектираат присуство на вирус Ковид-19 кај пациентите, туку само присуство на антитела во крвта кои можат да бидат само добар индикатор дека има веројатност лицето да било заболено од коронавирус, а притоа да немало симптоми, Министерстовот за здравство излезе со ова соопштение:

Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во Систина, Министерството за здравство го појаснува следното.

Тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции. Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус.

За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти тела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE