Банките да се откажат од каматите за доброто на општеството како целина – Петар Колев

bankite da se otkazat od kreditite
Прочитај за: < 1 минута

Банките да се откажат од каматите за доброто на општеството како целина – Петар Колев

Во денешната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, беше гостин лидерот на Политичката партија Граѓанска Демократска Унија (ГДУ), Петар Колев, заедно со лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов

Петар Колев во неговото излагање се осврна на едно многу важно и суштинско прашање кое ги тишти сите граѓани на државата:

„Ние не треба да забораваме дека сме можеби најсиромашната држава во Европа и во едни вакви услови на криза за моја огромна жал, банкарите во оваа земја разочараа.
Тие се доволно моќни, стабилни и силни, и мислам дека можат да се откажат со дел од својата предвидена печалба под формата на камати, во корист на општеството како целина и да отпадне овој дел со каматите, бидејќи каматите не се сврзани со ликвидноста. Далеку поопасна е ситуацијата со тоа шест месеци да не ја исплаќате главнината, таа е сврзана со ликвидноста, отколку тоа да ги пролонгирате каматите или да ги отпишете каматите за тие шест месеци“

SHARE