МВР потврди дека се спроведува голема полициска акција во село Крушопек, општина Сарај во која е пронајдено огромно количество дрога.
Акцијата е дел од меѓународна полициска операција во која е вклучена и полицијата на Италија.
Mинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности“.
По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата.
Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден“, напиша Чулев на Фејсбук.
Засега не се соопштува за каква дрога се работи и за колкаво количество, но според објавите во некои медиуми станува збор за голема пратка – над 1 тон кокаин.
ТВ21 од неофицијални извори дознава дека кокаинот бил откриен во шлепер со банани.
Првичните информации од изворите на ТВ21 велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна Гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија, но од непоразјаснети прилчини завршила во Сарај.