Репортерот на „Слободен печат“ Михаило Донев кој денеска известува во живо од протестите за случајот „Монструм“ кај Мавровка беше принуден од полициски инспектори во цивил да го избрише снимениот материјал, кој патем публиката имаше можност да го следи преку социјалните мрежи.
Имено, колегата Донев во мешаницата настаната при пресингот на полицијата врз демонстрантите и нивното потиснување кон Битпазар, бил легитимиран од три лица кои се претставиле како инспектори во МВР, и му ја побарале новинарската легитимација, но тој во меѓувреме ја загубил во гужвата на протестот и им дал лична карта како што му побарале.
Откако се легитимирал уредно, едниот од нив побарал од него да го избрише снимениот материјал со образложение дека „на снимките им се гледаат лицата па потоа некој ќе им ги запали автомобилите“ иако камерата на нашиот репортер цело време беше насочена кон толпата која на моменти фрлаше камења и шишиња кон полицискиот кордон.
Повеќе >> Слободен Печат