Мерката на Народна банка со која привремено се ограничува распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките е соодветна на новите неповолни знаци во врска со пандемијата и можноста за опоравување на економијата, вели поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев.
Според него, мерката ја изразува претпазливоста на Народната банка за можното влијание на кризата врз работењето на банките и ќе влијае на одржување на стабилноста на банкарскиот систем во актуелната неизвесност за понатамошниот тек на кризата.
– Нема добри прогнози во однос на излез од кризата. Сѐ поизвесно е дека таа ќе потрае и очекуваното закрепнување на економијата нема да се оствари не само кај нас туку и во пошироки рамки. Земјите се затвораат поради борбата со пандемијата и новите видови на коронавирусот, а тоа се одразува на економијата која и понатаму успорува. Сето она што се случува во економијата може да влијае и на работењето на банките, па затоа е претпазливоста на Народната банка во однос на одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем во актуелната неизвесност и понатамошниот тек на кризата – вели Гошев.
Со ваквата реакција на централната банка, вели поранешниот гувернер на Народната банка, се одбегнува можноста од ширење на шпекулативни информации кои можат да му наштетат на банкарскиот систем.
Повеќе >> Плус Инфо