Вчера во Монако, УЕФА ги извлече групите за новата сезона во ЛШ, а на оваа церемонија се бираше и најдобар играч во Европа.
УЕФА традиционално пред почетокот на новата сезона го бира најдобриот играч за претходната сезона. Претходно оваа награда ја освои Лука Модриќ, а зад него завршија Мохамед Салах и Кристијано Роналдо.
Беше јасно дека Модриќ нема да ја одбрани оваа титула бидејќи не беше на потребното ниво. УЕФА неодамна објави дека за најдобар играч на Европа ќе се борат Лео Меси, Ван Дијк и Кристијано Роналдо. Наградата за најдобар играч во Европа на крајот ја освои Вирџил ван Дијк.
Се ќе поминеше глатко ако во целата приказна прстите не ги вмеша македонскиот фактор и тоа токму од медиумската сфера. ПлусИнфо додаде еден голем минус на своето конто откако ги помеша фудбалерите и ДиЏеите па се отиде во транс распожение.
Повеќе на:
https://plusinfo.mk/%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%b4%d0%b0%d1%98%d0%ba-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81%d0%b5%d0%bd-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%87-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%82/?fbclid=IwAR0SoAHmvKc92HepgiQ67_RU3WMjNrfcT0TmsrQ2jieByAEHERDgx69pFgQ