Во врска со средбата со Макрон, Пендаровски во денешното гостување во 24 Отворено истакна дека при средбата со Макрон отворено го прашал за првичното одбивање за давање на датум за преговори со Македонија. На состанокот, францускиот претседател му кажал дека нема намера по втор пат да ја „исече“ Македонија за датумот за отпочнување на преговори со Европската унија.
„Сигнал дека датумот за преговорите може да се реши во првите 5-6 месеци од хрватското претседавање со ЕУ, е тоа што Макрон рече дека сака да дојде во нашата земја, но дека ќе му биде многу тешко да го објасни тоа доколку не добиеме датум за преговори. Го прашав отворено дека ако по втор пат не исече, како тоа ќе го оправда пред граѓаните, а тој ми рече „Нема да ве исечам по втор пат.“ – рече Пендаровски.