Ајмо пасоши, три за сто

Прочитај за: < 1 минута

Балкански криминалци за 20 илјади евра си ваделе легални македонски пасоши за да може „на раат“ да си ја тераат работата. За десетмина полициски службеници се поднесени кривични пријави. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за случајот.

За да работиш како плочкар во Германија ти треба бугарски пасош. За дилер, условите не се толку строги, може и со македонски, коментираат граѓаните на социјалните мрежи по обелоденувањето на пасошката афера.

Балканските криминалци си ваделе македонски пасоши со други имиња и со нив си терале бизниси по светот. Пасошите не се фалсификувани, туку оригинални. Криминалците си доаѓале, уплатница, таксена марка, се сликале и си добивале оригинален македонски пасош под друго име, со кој после си терале други бизниси.

Македонските граѓани за добивање бугарски пасош треба да докажат бугарско потекло, криминалците за македонски пасош, пак, треба да приложат 20 илјади евра.

И на едните и на другите, пасошите им се за да може да „работат“ во странство.

Повеќе >> www.slobodnaevropa.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE