Заев: До крајот на април ќе имаме повеќе од 300.000 вакцини

Прочитај за: < 1 минута

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека до крајот на април Македонија ќе добие 300.000 вакцини против Ковид-19, и при тоа соопшти од каде ќе пристигнат најавените дози.

– Очекуваме да стигнат првите количини од оние 651.000 од ЕУ наменети за Западен Балкан, од кои 100.000 се за Македонија, а од нив веројатно 20.000-25.000 треба да пристигнат во наредните денови, следната недела. Односно, официјално објавивме во текот на април, зошто пристигнувањето на вакцините не зависи само од нас, туку зависи и од испорачателот на вакцините. Исто така, очекуваме да стигне првата пратка од Фајзер со кој што имаме договор за 800.000 вакцини, очекуваме да стигне втората пратка од Ковакс механизмот, која е гарантирана за април, очекуваме да стигнат и 200.000 вакцини од Кина, и очекуваме позначителна количина од Спутник, руските вакцини, за кои што исто така имаме договор за 200.000.

Така што, во насока на ваквите најави, очекуваме во текот на април да имаме повеќе од 300.000 вакцини кои ќе бидат во државата. Од пријателска Србија ја очекуваме и втората компонента, односно уште 20.000 вакцини кои треба да стигнат до крајот на април, истакна Заев на денешната прес-конференција.

Извор: faktor.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE