Дебарското обвинителство наредната недела подготвува кривична пријава по член 230 од КЗ „Загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, потврдија за Телма од обвинителството.
Истрагата за истекување на непознат нафтен дериват во езерото на крајот на март е дополнета со земање на над 20 примероци од црната материја која беше излеана во вештачкото езеро.
Истражителите и еколошките инспектори првично сметале дека станува збор за излеан мазут, но потоа со анализите е утврдено дека станува збор за опасно за животната средина, отпадно масло.
Ова го потврдија за Телма и од прес службата на Државното обвинителство:
-Основното јавно обвинителство Дебар ги прибира материјалните докази во врска со земените мостри од Дебарското езеро. По наредба на обвинителството е извршено вештачење, од кое согласно утврденото во доставениот извештај, произлегува дека течноста од која биле земени мострите е моторно масло. Обвинителството има издадено и други наредби и насоки до Министерството за внатрешни работи во насока на проверка на факти и прибирање на податоци, по чие комплетирање се очекува до обвинителството да биде доставена информација, одговорија од обвинителството.
Повеќе >> telma.com.mk