Бочварски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде завршен кон крајот на 2023 или на почетокот на 2024 година

Прочитај за: < 1 минута

Автопатот Охрид – Кичево нема да биде завршен во наредните 2 до 3 години. Ова го најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и неговиот заменик, денеска извршија увид на градежните работи. Одговарајќи на новинарско прашање, Бочварски рече дека според зацртаната динамика и интензитет на градба се очекува овој автопат да биде завршен кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.

20 инфраструктурни проекти се готови и може на дваесетина нови позиции непречено да се работи. Она што го гледаме на терен се преку 356 градежни машини и над 730 работници, кои секојдневно работат за да го испорачаме овој автопат на граѓаните, нагласи Бочварски.

Во однос на шпелулациите дека автопатот поскапел, дека се потребни дополнителни средства, Бочварски истакна дека таквите информации не се точни. Цената, како што рече, е утврдена во 2018 година на 598.000.000 евра и не станува збор за дополнително поскапување.

Од новиот автопат досега се асфалтирани 31 проценти од првиот слој на асфалтот, изградени се над 3.500 метри потпорни ѕидови, а ископот е завршен со 53 проценти. Завршени се дополнителни проекти за деветте клучки. Во тек е експропријацијата на земјиштето за косините, конструкцијата на тунелот е завршена, останува да се заврши електричната и инасталациона мрежа, изјави министерот Бочварски.

Повеќе >> www.ohridnews.com

SHARE