Во Аргентина е откриен бункер за кој се верува дека наводно бил наменет за лидерите на Третиот рајх. Ова го изјави поранешниот американски специјалец Тим Кенеди и ветеранот на Централната разузнавачка агенција, Боб Бер.
Засолништето се наоѓа во оддалечен регион во Аргентина, 600 милји северно од Буенос Аирес. Бројни легенди кружат меѓу локалното население за присуството на три мистериозни градби, далеку од населбите и патиштата.
Според документите од кои Федералното биро за истраги претходно ги декласифицирало, Хитлер планирал да се скрие во аргентинскиот бункер во случај на пораз, но не успеал да ја напушти Германија – советската армија влегла во Берлин, а тој извршил самоубиство во неговиот подземен бункер.
Археолозите пронашле кутија од 1940 година со златници, а истражувањата покажаа дека се работи за монети направени во Германија за време на Втората светска војна.
Научниците откриле и фотографии од Хитлер и италијанскиот диктатор Бенито Мусолини. Пронајдена е и фотографија на дете во нацистичка униформа со свастика на раката.
Инфо >> Фактор