За проектот Чебрен вреден меѓу 600 и 800 милиони евра пријавени се десет џиновски компании, изјави премиерот Зоран Заев во Битола.
Претседателот на македонската влада потврди дека со завршувањето на рокот за пријавување, продолжува втората фаза за реализација на проектот Чебрен.
-Вчера во 16 часот заврши рокот за доставување понуди за огромниот проект Чебрен. После 11 години обиди на претходната власт, вчера регистриравме 10 џиновски понуди за Чебрен, а тоа се понуди од шпанското електростопанство, француското електростопанство, грчкото електростопанство, ЕВН заедно со австриска компанија, турска компанија, кинеска компанија…или 10 џиновски компании кои покажаа интерес и доставија документација за проектот Чебрен. Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех на овој проект, изјави премиерот Заев.
На прес-конференција во Битола тој потсети на инвестициите што се реализираат и ќе се реализираат во наредниот период.
Соопшти дека во последните три години има 35 странски инвестиции, а во 2018 година го надминавме рекордот во странски инвестиции со 625 милиони евра нето странски инвестиции со девизен прилив.
Повеќе >> Шило магазин