Илјадници македонски работници не се на своите работни места. Нема град или село во Македонија, нема семејство во кое неизвесноста за работните места не е присутна, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски барајќи Владата итно да покриен половина од трошоците за секој работник.
Поради актуелната состојба, потенцира тој, десетици илјади работници се дома, а фирмите се соочуваат со проблеми да им исплатат плата.
„Затоа со недели повикуваме, а денес повторно ќе побарам да се донесат итни економски мерки! Владата да покрие половина од вкупните трошоци за секој вработен. Вкупните трошоци вклучуваат и плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување како и персонален данок“, вели Николоски.
Понатаму, посочува тој, треба да се замрзнат давачките на фирмите кон државата, како и кредитите. Овие мерки, според него, треба да се донесат час поскоро.