[Видео] Никогаш северна-само Македонија: Владата ургентно да додели по 500 евра на секое семејство

Прочитај за: < 1 минута

Никогаш северна-само Македонија: Владата ургентно да додели по 500 евра на секое семејство.

Транскрипт:

Почитувани дами и господа, почитувана јавност на Република Македонија, се обраќам во името на коалицијата Никогаш Северна Само Македонија во врска со последната одлука на советот на народна банка каде што им остава на банкарите сами да одлучат дали ќе овозможат на граѓаните пролонгирање за плаќањето на ратите за кредитите за три и повеќе месеци.

Со оглед на фактот дека банкарите секогаш го гледаат својот интерес, сметаме дека советот на Народна Банка на Република Македонија не постапи рационално и во интерес на своите сограѓани, односно не им наложи на банкарите да им направат одложување на каматите и ратите кои што ги имаат по банките, онака како што го направија по побогатите држави во светот.

Сметаме дека владата на Република Македонија треба да излезе во пресрет на се потешката ситуација на граѓаните на Република Македонија со еднократна парична помош, и ние предлагаме тоа да биде 500 евра по семејство во Република Македонија.

SHARE