На прес конференцијата Билјана Џинго членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија, во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија” рече:
Почитувани,
Познато е во јавноста дека од почетокот на кризата Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ има активна улога со секојдневно предлагање на мерки во интерес на здравствената, социјалната и економската состојба во државата.
Во овој контекст, пред пет дена, ние во Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ на прес конференција побаравме од владата веднаш да се обрати за помош во заштитна опрема и стручни лица од Русија и Кина.
Ова од причина што, кризата со коронавирусот се повеќе се шири, а власта во Република Македонија нема капацитет да се справи со оваа кризна состојба.
На синоќешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче рече дека е побарана помош од Кина и дека се очекува одговор преку кинеската амбасада во Скопје.
Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ ја поздравува одлуката на владата да побара помош од Кина и ние сме убедени дека помошта од Кина ќе дојде.
Ја користам приликата да се заблагодарам на власта иако засега само делумно ја прифати сугестијата на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ да се бара помош од Кина а не и од Русија.
Но, истовремено ја охрабруваме власта целосно да ја прифати нашата сугестија и веднаш да бара помош и од Русија. Гарантираме дека доколку владата упати барање, помошта ќе дојде и од Русија, бидејќи, Русија секогаш помага во болка. Тоа е во националниот карактер на Русите. Помошта е секогаш искрена и чесна.
Свесни сме дека власта е преплашена бидејќи во Брисел ќе бидат бесни кога во било кој контекст се спомнуваат Русија и Кина.
Но, сето тоа во овој момент е небитно. Сега е најважно е здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Само така ефикасно ќе ги елиминираме последиците од оваа здравствена катастрофа.
Коалицијата “Никогаш северна – само Македонија„ ги прави потребните чекори. На потег е владата.
[…] Македонски весник […]
[…] Македонски весник […]
Comments are closed.