Новинарот Васко Ефтов, во својата последна емисија на социјалната мрежа Јутјуб, прави анализа на последните случувања со Корона вирусот и се задржува на делот во кој Кина им помага на земјите од Европа.
-Несомнено е дека Кина е една од најсилните економии во светот. Тие заостануваат зад Америка и Русија на воен и нуклеарен план, не се воени велесили, но во технолошка смисла, Кинезите се веќе на врвот, вели Ефтов.
Но, вие не треба да ја величате Кина, затоа што ни дала, или ќе ни даде стотина респиратори. Ќе ви објаснам и зошто!
Кина можеби е отидена многу далеку во технологијата, но Кина не може да му објасни на своите обични граѓани, дека не смеат да јадат кучиња, мачки и лилјаци. Е токму од таквите неодговорни индивидуи во Кина, потекна ова со Корона вирусот.
-И сега, сите вие ја величате Кина, бидејќи ке ни дала респиратори. Наместо да ја осудувате, бидејќи токму Кина е виновна за сите мртви во светот. Кина е виновна што се урниса економијата и што во следните неколку години ќе биде тешко и можеби ќе останете без работа.
Ама Кинезите дале сто респиратори! Ајде ви се молам, вели новинарот Васко Ефтов.