Невада или Аризона за втор мандат на Доналд Трамп
Кампањата на претседателот на САД Доналд Трамп покрена серија леглани постапки поврзани со изборите
Иако кандидатот на Демократите Џо Бајден победи во Висконсин и Мичиген, актуелниот Претседател на САД, Доналд Трамп има водство во сите држави каде броењето не е завршено, освен Невада каде Бајден води со минимална разлика и Аризона која важи за традиционален поддржувач на Републиканците. Во овие држави се очекува бројот на гласови за Трамп да ги престигнат тие за Бајден и со тоа го обезбеди вториот мандат!
Имено, се` уште нема победник во шесте сојузни држави: Алјаска, Аризона, Џорџија, Северна Каролина и Пенсилванија, а во сите овие држави води Доналд Трамп и доколку водството го задржи до крај, ќе добие 268 електорати или на само 2 помалку до втор мандат. Во вакви околности Доналд Трамп ќе треба само една од државите каде е во благо водство Бајден, Невада или Аризона.
Било која од овие две држави да биде освоена од Трамп, ќе значи сигурна победа и втор мандат за Доналд Трамп
Од друга страна, Бајден би можел да освои 270 електорски гласови во Изборниот колеџ, кои се потребни да ги добие изборите, ако го задржи водството во Аризона и Невада
Повеќе на следниот линк