Денес оставивме 1.071 каранфил во знак на почит кон 1.071 починат од корона кои не се само бројка, туку луѓе, човечки судбини кои одат на нечистата совест на Зоран Заев и на најнеспобниот министер за здравство Венко Филипче. Бараме оставка од Венко Филипче веднаш и сега, изјави Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од пред Владата.
Таа обвини дека Зоран Заев и Венко Филипче се главните виновници затоа што сега пандемијата урива рекорди, а болниците се полни.
„Тие 1.071 починат, не се само гола статистика, не се бројка, тие се 1.071 се семејства завиени во црно. 1.071 семејство завиено во црно. 1.071 судбина, тоа се нечии родители, деца, браќа и сестри. Тие се луѓе од кои голем број можеби денес ќе беа меѓу нас доколку Филипче не беше толку неспособен и ги послушаше советите на ВМРО-ДПМНЕ уште на почеток на пандемијата. Но наместо разум Филипче покажа ароганција и надменост, и сето тоа за жал на штета на граѓаните.
За тестирање се чека и по неколку денови, а исто толку и за добивање на резултати. Додека пациентот да добие дијагноза тој веќе е во напредна фаза на болеста, а неговото здравје е сериозно загрозено.” – рече Андоновска.
Повеќе >> Плус Инфо