Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев позитивен на Ковид-19

Наќе Чулев, закани
Прочитај за: < 1 минута

Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, на социјалните мрежи се огласи дека денеска по направениот тест добил позитивен резултат на Ковид-19.

“Почитувани,
Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид 19. За жал и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден.

Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови.

Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето.

Уверен сум дека и овој предизвик ќе го победиме со внимание, грижа и позитивна мисла. Чувајте се и бидете во добро здравје!”


– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE