Мила Царовска: Училиштата се безбедни, нема зошто да се затворат

Прочитај за: < 1 минута

Се додека не се создадат услови за затворање остануваме на овој модел, бидејќи во училиштата немаме ширење на заразата, изјави министерката за образование Мила Царовска.

„Сите држави во светот, а и СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени. Секаде во свет се отворени. Ние немаме голем број на заразени. 0.05 проценти е заразеноста кај учениците, и 0,6 проценти кај наставниците, што значи не надминуваме ни еден процент“, рече Царовска.

Според неа социјалниот дијалог меѓу СОНК и Министерството е на многу високо ниво.

„Ние со ребалансот на буџетот, обезбедивме финансирање. Училиштата каде што има доказ за надминување на часовите, согласно Законот за работни односи треба да ги исплатат прекувремените работни часови“, вели Царовска по однос на барањето на СОНК, наставниците да добијат додаток на платата.

Царовска сепак вели дека нема голем број на училишта каде има надминување на бројот на часови.

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE