Професорката Мирјана Најчевска смета дека сите пратеници и функционери треба да бидат проверувани дали употребуваат наркотични средства. Ставот на Најчевска следува по објавувањето на приватниот разговор од пратеникот Павле Богоевски, со наслов „Пајо нарачува кокаин“.
„Јас мислам дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци. Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања. Јас лично сум за леализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни сусптанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави. Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција. Навистина ми е преку глава од “народни претставници“ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака“, пишува Најчевска.