Кој ги амнестира и толерира сторителите на сообраќајни прекршоци во Тетово?

mvr tetovo
Прочитај за: < 1 минута

Минатата недела МВР преку нивниот портпарол истакна дека за само еден час, во Тетово биле констатирани 70 сообраќајни прекршоци, а во истиот град во ист ден минатата недела констатирале само 25 прекршоци и тоа за цел ден.

Колку МВР-СВР Тетово квалитетно ја извршува својата работна должност укажува збирот на сообраќајни прекршоци констатирани во последната недела, без притоа МВР да ја презентира својата ефикасност за јавност.

На барање на Македонски Весник, МВР изнесе дека во периодот од 5 до 10 октомври годинава, на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и законски санкционирани 474 прекршоци, од кои 158 за неносење на заштитни маски, а останатите 316 сообраќајни прекршоци.

Најголемиот број од сообраќајните прекршоците се однесуваат на: непрописно паркирање (39), неприлагодена брзина (32), управување без возачка дозвола (32), истечена регистрација (17), вградени фолии (31) и други видови сообраќајни прекршоци.

Минатата сабота (3 октомври), пак, на тетовско подрачје биле регистрирани само 25 сообраќајни прекршоци, кои се однесувале на управување без возачка дозвола, истечена регистрација, возачи-почетници и слично. И тие биле санкционирани со изготвување на соодветни поднесоци.

Ако за само 1 (еден) час во Тетово од МВР се констатирани 70 сообраќајни прекршоци, а една недела порано само 25 прекршоци и тоа за цел ден, се поставува прашање, кој ја саботира работата на службите во МВР СВР Тетово?

Дали раководството МВР СВР Тетово не е на висина на задачата, дали е време за промена во кадровите структури? Кој ги толерира сторителите на сообраќајни прекршоци во Тетово? 

SHARE