МВР: Кривична пријава од 1 до 5 години затвор за лицето што го запали бугарското знаме во Вевчани!

Прочитај за: < 1 минута

Полицијата го утврдува идентитетот на лицето што го запали знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, по што ќе му поднесе пријава. За ова кривично дело е предвиден затвор од една до пет години.

МВР работи на расчистување на случајот, истакна на денешната прес-конференција во Штип портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– Да, за жал имавме таков немил настан. Ние работиме на целосно расчистување на тој случај и очекуваме наскоро да биде расчистен, вели Ангеловски.

По палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани, Софија упати вербален демарш, за што информираше бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева. Таа посочи дека на амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов му е порачано да изрази пред Владата на Република Северна Макдонија нивното силно негодување за тој чин.

– На 14 јануари 2021 година во 15 часот при дефилирање на василичарските маски во селото Вевчани, струшко, лице кое било дел од василичарските маски во рака држело знаме на Република Бугарија, кое што при традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, го спуштило во запалениот оган и го запалило. Настанот е документиран и по утврдување на идентитетот на лицето против него ќе биде поднесена содветна пријава, велат од МВР за Слободен печат.

Со измените на Кривичниот законик во 2014 година палењето на знамето на Македонија и на други држави е дел од кривичното дело предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, а предвидената казна е затвор од една до пет години (член 319).

Извор: denesen.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE