Љупчо Зиков: Ќе се затворала фабрика во Кочани, а народ наш се сити и гледа како да се вдоми во администрација

Прочитај за: 3 минути

Статус на Љубчо Зиков:

За Пејпер мил од Кочани, но само како повод …
——
Искрено …
Можам да ги разберам сите причини за затворање на фабриката во Кочани! Особено што ја загадува околината и ги труе луѓето …!? Страшно
Исто така можам да го разберам и затворањето на фабриката Пејпер Мил поради тоа …!?
И толку за ова … ова беше искрено од мене како што ке бидам многу искрен во натамошниот дел од текстот …

Но, да ми простите … не можам да ја разберам заразната и безобразна радост и восхит на јавноста по социјалните мрежи поради затворањето на фабриката поради тоа што му се случило на инвестиророт!!!!

Драги мои … e сега кочанчани се понезагадени, и живеат како у Норвешка секако… сега се е добро, се е решено и сите задоволно “прдат” по кочансите кафетерии и ресторани! Леле луѓе што направивме! Хахаха … Готово веке нема проблеми во Кочани … !!! Саде восхит …. и во Кочани и во цела Македонија! Радост неизмерна … самозодоволството нема крај …

Пејпер Мил сега е државен непријтел број 1!

Ке ги отпушти работниците … една фабрика помалку во Кочани и во Македонија… И сега затоа што ги мрзи да произведуваат ориз и да работат земјоделие (друго и нема таму) кочанчани сега ке чекаат некоја партија да ги вработи у “државно” … телефоните по партиите во Скопје веке звонат …!? Ајмо децко на државна цицка …

Всушност ваква заразна радост кај населението во широката македонска јавност кога нешто ке се затвори и банкротира, кога некој ке крахира- се шири со години (30 години) и тоа е деструктивна состојба на умот овде! Код и генетика која уништува секаква помисла и нагон за нешто добро да се направи!

И секогаш кога нешто КЕ СЕ ЗАТВОРИ … На пример забележете дека никаква радост нема кога нешто КЕ СЕ ОТВОРИ на пример! Тоа секако обавезно е поврзано со криминал … Како тој глуп нешто сега успеал.

Нема радост кога има успех, а има сожалување, тапкање по рамо и неискрен лелек кога има неуспех! Кога некој на пример ке “рикне” во бизнисот цел роман се пишува за него … главна тема е додека “не добие инфаркт и не умре” … Потоа слатко ке му кажат – Бог да го прости! И ке се изредат сите на фејзбук колку бил голем и убав човек! Онака мизерно ….

А всушност за што се работи … насекаде неспособност, мрзливост, немање визија а голема омраза! Затоа што најголемиот дел од оваа популација овде седнале покрај реката Вардар и плачат дека немало перспективи и шанси во Македонија!

Вџашени и шокирани ако слушнат дека некој се вработил во јавна администрција (зошто не се тие?) Во исто време љубоморни и болно зависни ако некој решил па и не сака јавна администрација и тргнал во авантура во која ги презел сите овоземни човечки и животински ризици и отворил своја фабрика … Тоа е најголемиот пораз кој не само што поттикнува љубомора туку и омраза! Затоа таквиот храбар ПРЕТПРИЕМАЧ е отпишан од сите како крајно ненормален за околината оти шири не добро воспитание за младите генерации …Како така се осмелил да инвестира!

Ова е социо психолошка патологија на ова општество!? Ова го јаде општеството од внатре …

Оттука … и затоа за надминување на оваа состојба во главите на овие многу луѓе не помагаат економски мерки. Спроведете ја најдобрата економска политика, донесете десет нобеловци по економија ке нема успех овде … затоа што ниедна ништо нема да им биде добро и корисно! Тука ке се продолжи да се расправа за тоа дали земјата е рамна, дека 5г ке не затупело, дека сите ке не чипираат … без да се размисли дека Македонија е одамна рамна ливада без ништо на неа, дека и пред 5г овде во голема количина се генерира прилична затапеност, и дека чипирањето со неспособност и љубомора не го измислиле американците туку ние бе ние ….

Затоа драги мои по долината на Вардар, треба примена на чиста психијатрија како медицински процес! Ок не кај сите нас … туку кај еден добар дел од нас …

Затоа …

Кочанчани мои ви ја честитам победата со загадениот воздух … сега дефинитивно ке зацрвените во образите од една бескрајна чистотија! Ви честитам и за енергичното затворање на фабриката … Вие сте шампиони!

Е сега останете така, со прстот во уста, покрај празните канали за наводнување на Брегалница и сувите необработени ниви кои чекаат на вас … Бидете така … пред 1ви појдете да си ја земете социјалната помош но внимавајте да држите дистанца и обавезно маски да ставите … Социјалната помош е вашиот заштитен знак! Држете тоа цврсто …

До следната политичка кампања се разбира …


- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE